ПОЕНТА НАКРАТКО

Трајче Крстески награден за расказ

Raskazot e tezok zanr, no treba da se neguva - Trajche KrsteskiПисателот Трајче Крстески за расказот “Охридскиот крап” доби  парична награда на конкурсот за расказ на “Нова Македонија”. Расказот е дел од новата книга, а кој авторот го испратил за проверка.

– Како автор, почнав со расказ. Сум издадал две книги раскази, една веќе ја подготвувам за печат – вели писателот.

Според него, расказот е тежок литературен жанр.

– Се поентира на кратко, со по некои исклучоци. Расказите се стилска вежба за одржување на темпото или нивото, кои уништуваат еден роман. Уште од 1967 година го негувам расказот, кога ја добив првата награда за “Патека без крај” на Студенски збор, потоа следуваа награди… Новата книга “Сите мои животни” со 30 раскази наскоро треба да излезе од печат. Направена е вешта композиција во слика на едно животно, кое ќе потсетува дека овој свет им припаѓа не само на луѓето, туку и на животните, односно да не бидеме толку себични – вели Крстески, автор на повеќе романи, раскази, есеи, а годинава слави 24 години творештво. 

Loading