ЛЕБЕДОВО ЕЗЕРО ОД ЗЕЛЕНЧУК И ОВОШЈЕ

– Секојдневната порција, од која блика здравје, треба да биде полна со зеленчук и овошје

i deca i majki, vistinski umetnici na dela od hranaСекој ден, во знак на неделата на Здравата храна, во ОУ “Рампо Левката” сервираа по некоја активност. Учениците од деветтите одделенија подготвија реклама за здравата храна која се емитуваше на разгласот. Ходниците ги украсија со пораки за здравата храна, а литературното и ликовното катче го збогатија со “свежо” создадени литературни и ликовни творби. Секое катче, училница, секој ходиник и кабинет беа дотерани со по некој елемент кој ја афирмира здравата храна.

Флаери и уметност од емиш и зарзават

Detska euforija vo bibliotekata na kolcaСе изложуваа уметнички изработки од овошје и зеленчук, подготвени на креативните работилници на тема “Здрава храна”. Учениците од третите и четвртите одделенија со родителите покажаа инвентивна “уметност” со креираното дрво со порака “Свежото е секогаш најдобро”, со Лебедово езеро, возови, бродови, пингвини, глувчиња, бубамари, мечиња, изработени од најразлично овошје и зеленчук.

Први на “менито” беа деветтоодделенците. Со наставничката Александра Јолеска изработија флаери со пораки за здравата храна и придобивките од неа, а потоа памфлетите ги поделија низ месното население.

Петтоодделенците и шесттодделенците се вклучија со квизови и асоцијации, при што преку игра и дружење разменуваа знаење и мислење за што сé е здрава храна.

И помалите, од прво и второ одделение, беа агилни и подготвија приредба за родителите. Преку актерство, рецитирање и пеење потсетија, во случај да заборавиле, што е здрава храна и како родителите да вкоренат навика кај децата редовно да ја користат, како да им стане секојдневна порција, од која блика здравје.

За одбележување е инвентивноста на седмоодделенците и осмоодделенците. Заеднички изработија видео презентации и плакати за здравата храна. Најдобрата видео презентација беше прикажана на трибина која ја следеа и родителите.

Читањето и математиката се забавни

I citanjeto e zabavno, neliПромоцијата на здравата храна  ја збогати караванот на букви и броеви, “Со читање до лидерство” и Библотеката на тркала. Во проектот на УСАИД, меѓу 62 ОУ во држава е и “Рампо Левката”. Со Ана Димоска, координаторот од Фондацијата за образовни и културни иницијативи “Чекор по чекор” се потпиша меморандумот за соработка, со што се официјализира соработката и со УСАИД.

– Проектот тежнее да ги подобри јазичните и математичките вештини кај децата од прво до трето одделение. Предвидени се и активности за професионален развој на кадарот, за вмрежување на наставниците за споделување практики од наставата. Ќе објавуваме 21 наслов на сликовници, да ги збогатиме библиотеките во училиштата – вели Димовска.

Во рамките на проектот, актерите Јулијана Стефанова и Петар Горко спроведоа активност “читањето и математиката се забавни”.

– Читавме од сликовници со актери преправени како крал и кралица. Игравме и учевме математика со фрлање коцка – рече Кристијан Павлоски, ученик во трето одделение.

– Сакам и јас да научам да читам – рече првоодделенката Јована Јованоска.

Библиотеката на тркала полна со детска литература се паркира во училишниот двор и ги отвори вратите децата да ги користат сите наслови од подвижниот храм на книги.                

– Разгледавме многу убави книги – рече ученичката Михаела Цветкоска.

– Ми се допадна библитеката на тркала. Сакам постојано да има ваква библотека, оти децата кои не можат да појдат во библиотека ќе  можат овде да најдат книги што сакаат – ги пренесе своите впечатоци ученикот Виктор Димоски.

Loading