Т’ГА ЗА ЈУГ

Зоран Даноски

Saka da se vrati doma - Zoran DanoskiЕден од најдобрите презентери на прилепскиот фудбал во странство, напаѓачот Зоран Даноски (24), најави прекин на печалбата во Чешка и враќање во земјава претстојната зима или налето по завршувањето на сезоната. Тоа ги изненади сите кои го познаваат како одличен фудбалер, со брзина и снаодливост. Преку социјалните мрежи веднаш порачаа да не се враќа, оти местото му е во квалитетна европска лига. Што е во прашање, дали носталгијата или статусот во прволигашот Прибрам? За тимот во средината на табелата есенва има седум настапи во 13 кола. Претходно Даноски играше за второлигашот Мост, а потекнува од Победа.

Веќе се шпекулира дека за него е заинтересиран скопски Работнички.

Loading