ВЕТЕРАНИ КРАЈ МАСИТЕ

Пинг – понг: Долго време со истиот проблем

За ППК Младост играат Јованоски, Јочкоски и Тошески

Uste vo dobra forma - Gjoko JochkoskiМнозинство спортови тешко опстојуваат, а не е исклучок ниту пинг – понгот. Проблемите се бројни. Според познавачите, слабостите се видливи со “голо око” и во составите на тимовите. Долго време не се менуваат и освежуваат со помлади. Настапува истиот кадар од пред две – три децении. Таква е безмалку цела Супер лига, која не го оправдува името. Ветерани се во Скопје со Жоговски, Михајловски и Симиќ, во Штип Барбареев, Кралев, Богатинов, во Струга Генчев.

– Квалитетни младинци се пет – шест во цела лига. Ние играме возрасни. Сите сме околу 40 и 50 годишни со Тошески и Јочкоски. Тешко е без резерва. Среќа на последниот дуел не требаше зошто над штипјани славевме со 5-2 – вели Зоран Јованоски од ППК Младост.

Каде се помладите? Андреј Лашкоски настапува во шампионот Работнички, Штаргоски во Струга, Јаковлески премина во атлетиката. Во суперлигашот Младост се смета дека не е исплатливо да се работи со подмладок. Нема услови, а уште побитно е што нема заштита за клубот во случај на трансфер. Процесот за оформување на дете во добар пингпонгар бара ангажман на стручњак и  години вложен труд, а од друга страна обештетувањето е само двеста евра. Малку помоќен клуб со спонзор може да купи цел тим за малку пари и веднаш да стане шампион.

Vozac, trener i igrac - Zoran Jovanoski– За ништо ни го земаат готов производ. Ни благодарам не велат. Не работам повеќе со деца – порачува Јованоски.

Посебна тема се условите. Пингпонгарите не фатија корен и играат на разни места, во половина основни и средни училишта, во салата кај базенот, в хотел… Повеќе години не е во функционалност објектот за овој спорт, салата зад КГС Партизан. Се најавуваше санирање, но од тоа ништо.

– Потребни се подлога, паркет, покрив. Околу 500-600 евра. Тешко се обезбедуваат пари за превоз и храна. Бев возач, тренер и играч, натаму не можаме – заврши Јованоски.

Младост со шест бода од пет кола е трет и до крајот на полусезоната игра дома со Влае, на гости кај Струга.

Loading