СОВЛАДАНИ КИЛОМЕТРИ

Атлетика

Атлетските клубови Делта и Трети ноември учествуваа на Државно првенство во крос кантри  на кејот од Вардар во Скопје во организација на АФМ. Атлетичарите издржаа напор на мека, тревна патека. Најуспешни беа: Леонид Вандевски прв кај пионерите на 1000 метри. Трета кај пионерките беше Мелани Бошеска, а кај помладите младинци на 4000 метри Кирил Лучески е втор. Блеснаа најискусните. Кај младинците на 6000 метри убедливо победи Илија Пајмакоски, а кај сениорите на 10 километри четврти е Саше Јаковлески.

Најдобрите имаат виза за Балканијада во Турција.

Loading