СЛИКОВНИЦИ ОД ПРЕДА ЗА НАЈМАЛИТЕ

ОУ “Блаже Конески”

Slikovnici za nasmevkiВо соработка со ПРЕДА – Интегрирана мрежа за развој на Пелагонискиот регион во ОУ “Блаже Конески” беа доделени едукативни сликовници, боенки за прво одделение по повод обновувањето на зоолошката градина во Битола. Проектот го следат и Фондовите на ЕУ.

Секој ученик доби сликовница да бои, а на наставниците им беа дадени линкови со апликации за игри со зоолошка градина за да ги применат на час. Учениците беа љубопитни и поттикнати да ги разгледаат можностите за организирани посети на зоолошката градина и посакаа часови како слободни активности.

Училиштето е покането на отворањето на реновираната зоолошка градина во Битола со многу животни, новитети и промени.

Loading