ДЕЛА НА ИДНИТЕ ВЕТЕРИНАРИ

СОУ “Орде Чопела”

Idnite veterinari vo farmaУчениците од ветеринарниот профил во СОУ “Орде Чопела” се почувствуваа како ветеринари. Тие десет дена од учебната година спроведуваат професионална пракса во краварски и свињарски фарми. Професорот Игор Галоски имаше слобода за практична реализација на  теоретски ученото. Учениците проверувале во “живо” што знаат на краварската фарма на соученик од селото Големо Коњари. Вистински ветеринари им пренесле на идните колеги како се прегледуваат крави на стелност со ехо дијагостика и други пргледи. Учениците на лице место препознале гравидност во прв, втор, трет месец. Дури и пробале да извршат пристап и преглед на крави и прасиња, одредени хируршки интервенции, како кастрација на јунци и на прасиња.

– Цел клас беше на пракса во фармата. Имавме и вакцинација на телиња, ректален преглед… Кастрацијата на јунец беше со метод на фиксирање – кутнување, дезинфекција и на крај кастрација со бескрвна метода со бурдицо клешта, без сечење и оперирање, само со гмечење на местото. Со локална анестезија му ги намалив болките, малку беше агресивно говедото, но го држев внимателно без страв. Пробав од сé по малку. Друго е чувството кога тоа е во “живо”. Мислев дека немам доволно знаење. За првпат беше малку тешко, но со време, би се прилагодил полесно. Ова само е поттик повеќе да учам, оти праксата придонесува во знаењето – вели Даниел Пуцакоски.

Praksa na lice mesto– Практичната настава беше големо искуство. Често присуствуваме на други операции за стекнување на искуство и за исчезнување на стравот. Сакам да им помагам на животните, на домашните миленици – додаде Кристијан Кочоски.

– Теоријата што ја учиме ја спроведуваме на дело. Полесно е да се запамти и ни служи во понатамошната работа. Учествував во ректален преглед на крава. Тоа беше неверојатно искуство, оти голем дел од болестите се случуваат во породилниот дел кај кравите. Важен е осетот, кој се стекнува со време. Репродукцијата на животните е да добиеме млеко и телиња, односно месо за исхрана. Преферирам работа со големи животни – го сподели своето искуство ученикот Спиро Божиноски од Крушево.

Учениците го посетија и саемот за агрофуд и природнонаучниот музеј во Скопје, на разни начини да се едуцираат за животните, нивното здравје и благосостојба.

Loading