НАШИТЕ ПОФАЛЕНИ ОД ХРВАТИТЕ

СОУ “Ристе Ристески – Ричко”

Iiskustva od Crna GoraПрофесори од СОУ “Ристе Ристески – Ричко” нема година, а да не се дел од меѓународниот симпозиум за Интердисциплинарната логистика во сообраќајот. На годинешново петто издание во Подгорица, Црна Гора, професорот Борче Јошески го презентира трудот “Паркирање во Прилеп”, а колешката Виолета Секулоска “Пешаците во сообраќајот”. Темите поттикнале интерес и пофалба од колегите од поранешните ЈУ простори со комплимент дека во Македонија се влијае на повисоката сообраќајна култура.  

– Темата е актуелна со оглед на поголемиот капацитет на сообраќајниците, зголемениот број на моторни возила, на фрекфенција, поради кои бројот на слободни паркинг места е мала, а потребата е голема – додаде професорот Јошески кој е и координатор на училишната сообраќајна единица и активно учествува во кампањите за сообраќај.

Симпозиумот бил можност за размена на искуства, согледувања и методи за унапредување на сообраќајот, на транспортот, на логистиката во градовите, односно центрите кои такаречи се во развој.            

Loading