ОПШТИНСКИ ПРИЗНАНИЈА ЗА ТВРДОКОРНИТЕ

По повод 70 години од ослободувањето

Plaketa 3-ti Noemvri za Festivalot 'Pece Atanasovski'По повод 70 годишнината од ослободувањето, на свечената седница на Советот на општинава, беа доделени 3-то Ноемвриските награди за достигнувања во изминатиот период.

Годинава четворица прилепчани ја понесоа наградата за животно дело. Беа поделени и 9 плакети и 7 дипломи. Наградите на поединците, фирмите и здруженијата им ги доделија претседателот на Советот м-р Никола Димески и градоначалникот Марјан Ристески.

Servis za sport od opstina Lozana, Svajcarija dobitnik na Plaketa 3-ti NoemvriНаграда за животно дело се додели на Кирил Самарџиоски, заради успешно раководење со „Прилепската Пиварница” која од мала фабрика со мануелно производство прерасна во капацитет кој што е еден од најсовремените во својата област, Симон Наумоски како општествено одговорна личност и креатор на брендот на прехранбената индустрија „Витаминка”, Перо Иваноски – Тиквар како учесник во македонското револуционерно движење во текот на Втората светска војна и во создавањето на новата македонска држава на првото заседание на АСНОМ и проф.д-р Љубен Попоски заради неговата научно – истражувачка работа и творештво во областа на стопанството.

{AG thumbWidth=”220″ thumbHeight=”300″ thumbAutoSize=”width” arrange=”name” backgroundColor=”ffffff” foregroundColor=”808080″ highliteColor=”558CB6″ frame_width=”450″ frame_height=”300″ newImageTag=”0″ newImageTag_days=”7″ paginUse=”0″ paginImagesPerGallery=”10″ albumUse=”1″ showSignature=”0″ plainTextCaptions=”0″ template=”classic” popupEngine=”fancybox”}pic/praznik/328/1{/AG}

За значајни достигнувања во работењето со плакети „3 Ноември” се наградени: фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски”, Сервис за спорт при Општина Лозана од Швајцарија, СОУ „Ристе Ристески – Ричко”, конфекција „Хатра”, планинарски спортски клуб „Златоврв”, религиозната група „Ехли Суннет Вел Џемат”, организацијата на жени „Орхидеја”, Здружението на пензионери од Прилеп и ООУ „Климент Охридски”.

Третоноемвриски признанија-дипломи годинава добија: уметникот Тони Чатлески, Михајло Мотески за посебен придонес во развојот на туризмот, новинарите Кирил Ристески и Милан Пројковски – Мичо, писателката Марија Ѓорѓиоска, наставничката Виолета Пепељугоска и професорот Блаже Димески.

По повод одбележувањето на 3-ти Ноември на Патеката на славните како заслужни прилепчани беа поставени имињата на писателот Димитар Талев и скулпторот Јордан Грабул.

Loading