МАЧЕ, МЕСТО АПЧЕ

Марина Димоска одгледува 13 миленичиња

– Дома одгледува 8 мачиња и една мачка која на два пати се омачила, а надвор уште четири

Marina so Lubenice, Mia, Tuti i Zigo  - nejzinite omileni macinjaИако живее во стан и просторот за чување домашни миленичиња е ограничен, љубовта кон мачињата не ја спречува 17 годишната Марина Димоска да одгледува дури 13 миленичиња. Дома има 8 мачиња и една мачка, која двапати се омачила, а се грижи за уште три – четири мачиња кои се надвор. А Миа, Тути и Зиго и се на срце. Ги чува, ги храни, а кога е на училиште, сосетката се грижи за крзнените “топчиња”.

– Едно од мачињата од надвор што се, е мешано ангорче. Многу ми е мило и си го викам Лубениче. Влегува од тераса, преку гаражата, бидејќи живеам на прв кат. Преку ден е дома, а навечер надвор. Спие на прагот и наутро ме чека пред врата. Воопшто не се бесни, напротив. Кога јадам, се редат на столчето и чекаат да фрлам нешто – раскажува Марина.

Opustanje so milenikМерак í се животните. Затоа се запишала на ветеринарен профил во СОУ “Орде Чопела”. Негувала и папагал и хрчак, ама најмили í се мачињата. Кога по патот ќе здогледа мачка, секогаш ја свикува и ја задева. Ако има нешто за поткаснување, ќе í даде. Признава дека í се некој друг вид на друштво. Единка е на родителите, па со мачињава одлично í доаѓа. Се случува мачињата да ги затвора во другата соба кога другарките ќе é дојдат на гости.

– Мачката бара внимание, ама не сака многу додевање. Утеха ми се мачињата, особено кога не сум расположена. Особено ангорчето ме смирува и опушта. Со неа си “муабетам”. Чудо е како релаксираат животниве. Кога имам главоболка, мачето ќе ми застане до глава, и со енергијата што ја има во себе, како аспирин ми делува – вели Марина.

Мачињата околу зградата ја препознаваат кога се враќа дома. Се врткаат, подрипнуваат и сакаат да се галат. Преку лето оди на пракса кај професорот во ветеринарна клиника, и таму ги продлабочува знаењата за мачињата. Гледала преглед, температура како се мери, а потоа пробувала и таа. И на прошетка ги носи, и тоа не само едно, туку три.

– Во едниот ранец ставив две, а во друг само големата мачка. Малку се плашеа дека ги шетам. Двете ме “избудалија” по пат, ама едното беше премногу мирно. Редовно ги вакцинирам во училишната амбуланта. Ако му е суво носето, вода откако ќе се напие, знам дека нешто не е во ред – вели Марина.

Во лето, Марина цел ден врви раат со мачињата. Седнува на каменот пред зградата, а мачињата околу неа. И куче се “лепи” околу, кое умее да игра со мачињата. И него го хранела. Сосетката í е десна рака, која потврдува дека љубовта кон мачињата не е само детска работа, туку мерак кој не поминува во животот. Животните ја влечат да го продолжи образованието на Ветеринарниот факултет.

МАЧКА ПРОТИВ ДЕПРЕСИЈА

Mace za pernica i sonДомашните миленици носат огромна радост во многу домови. Создаваат позитивна енергија и тие стануваат незаменлив дел на семејството. Освен расположението, го подобруваат и здравјето, пишува на некои интернет портали. Само со 15 минути минати со маче, се намалува нивото на кортизол, хормонот на стресот. Сопствениците на домашни миленичиња се изложени на помал ризик од срцеви болести. Галењето милениче ја намалува депресијата. Луѓето кои чуваат мачка имаат 40 отсо помали шанси да умрат од срцев удар. Се зголемува бројот на истражувања кои покажуваат дека ако детето живее со крзнено животно како маче или куче, тогаш тоа е изложено на помал ризик од алергии и астма.

Loading