КЛУЧ НА РАКА ЗА АВИО И САТЕЛИТСКИ ДЕЛОВИ

Институтот за современи композити и роботика, заедно со компанијата Микросам беше домаќин на вториот меѓународен семинар “Автоматизација во композитното производство”. Предавачи беа врвни експерти кои ги следат светските трендови во композитната индустрија и роботиката од Русија, САД, Италија, Германија и Унгарија. Практичниот дел содржеше демонстрација на најсовремените технологии за процесирање на композитни материјали и производство на композитни делови.

– Се демонстрираат и технологиите за автоматско полагање на влакна и лента за производство на композитни делови за авиони и сателитски структури, со кои Микросам ја вбројува Македонија меѓу четирите земји во светот кои ја имаат развиено оваа технологија – велат организаторите.

Се прикажаа и софтверските решенија кои Микросам ги нуди заедно со машините, а со кои се издигнува како еден од малкуте производители во светот кои нудат комплетни “клуч на рака” решенија за автоматско производство на делови од композитни материјали.

Љ.М.

Loading