Хорот на Валаамскиот манастир од Русија предизвика овации во ЦК “Марко Цепенков” на првиот концерт од турнејата низ земјава. Хористите воодушевија со изведбата на староруските црковни песнопенија, со романсите и борбените песни. Публиката стана на нозе за неколку македонски борбени песни, меѓу кои “А бре Македонче”. Диригентот на хорот Алексеј Жуков рече дека заминуваат со силни импресии и желба пак да пеат во Македонија, земјата со прекрасни пејзажи.
Хорот со амбасадорот на Руската федерација Олег Н. Шчербак, го посетија манастирот Зрзе и се поклонија пред спомен обележјето Руски крст на германските гробишта во чест на загинатите војници од Првата светска војна.