НОВИЦА ТРАЈКОВСКИ СЛИКА “БОЖЕСТВЕНА ЉУБОВ”

Изложба

Bozestvenite dela - Novica Trajkovski,,Божествена љубов” е тематската изложба на уметникот Новица Трајковски, која в понеделник, трети ноември, по повод денот на градот, од 18.30 часот ќе биде отворена во ликовниот салон на ЦК “Марко Цепенков”. На првото самостојно претставување во нашиот град Трајковски изложува дела преку кои ја пренесува неговата љубов.

– Сликарството на Новица Трајковски е типична автобиографска исповед на стварното во егзистенцијалниот пат на уметникот. Неговото сликарство е средба на реалноста и соништата кои уметникот ги доживеал  – вели Љубен Пауновски за неговото творештво.

Трајковски, кој е член на ДЛУМ со завршен ФЛУ во Скопје, имал над 40 самостојни изложби и многу групни. Учествувал и на многу колонии, меѓу кои и на колонијата Дрен 2014.

Loading