“ДО БАЛЧАК” ВО КИНО МИС СТОН

Од вечерва до 9 ноември

Ekranizacija na romanticna prikazna“До Балчак”, новиот игран македонски филм по сценарио на Горан Стефановски, во режија на Столе Попов, премиерно ќе биде прикажан вечерва од 19.30 часот во киното Мис Стон. Публиката ќе има можност до 9 ноември да ужива во приказната сместена во првата декада од 20 век, која говори за суровата, но романтична љубов, преку која се пренесува вечната македонска кауза за сопствен идентитет и самостојност, видена од агол на строга индивидуалност, лишена од било каква идеологизација.

Играат Инти Шрај, Сашко Коцев, Мартин Јордановски, Тони Михајловски, Искра Ветерова, Сенко Велинов, Мики Манојловиќ, Никола Ристановски, Никола Којо, Драган Спасов – Дац и др. 

Loading