МЛАД БИБЛИОТЕКАР НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР

ОУ “Манчу Матак”

Meraklija za bibliteka-  Nikolce Mojsoski so mentorot Vesna Aceska,Николче Мојсоски од ОУ “Манчу Матак” од Кривогаштани, меѓу 15 млади “библиотекари” го освои првото место на регионалниот натпревар за “Млади библиотекари”, организиран од библиотеката “Борка Талески”. Врвната позиција на деветтоодделенецот му обезбеди учество на државниот натпревар во Велес.

– Николче е солиден и одоворен ученик. Секогаш позитивен кон учењето. Интензивно се подготвуваше со прирачникот за млади библиотекари. “Киснеше” во библиотеката, “нурнувајќи” во историјата на библиотекарството. Првпат учествуваме на ваков натпревар и презадоволни сме од постигнатото – рече менторот на Николче, наставничката Весна Ацеска.

Жири – комисија ќе ги бодува писмените одговори на учесниците. Натпреварот ги промовира читањето и книгата и влијае на негувањето навика кај младите за користење на библиотеките. 

Loading