КНИГА ЗА ИНОВАЦИИТЕ ВО НАСТАВАТА

ОУ “Добре Јованоски”

Inovacii vo oddelenskata nastavaИновациите во наставата се предизвик за стручниот актив за  одделенска настава при ОУ “Добре Јованоски”. Наставниците ја преточија новината во книгата “Квалитетно образование”, чии автори се наставниците Олгица Вељаноска, Наде Бурнеска, Анета Путеска и Снежана Јовческа, во соработка со училишниот социолог Николина Конеска, а предводени од колешката м-р Каролина Николоска. Книгата, на инвентивен начин, ги доловува новините во наставата. 

– Современото училиште мора да води грижа за подигање на квалитетот на наставниот процес, а како тоа би го направило, ако не преку стручниот актив. Се стремевме да бидеме поинакви и да се справиме со новините во наставата. Јасно зборуваме што е отворен образовен систем, која е новата намена на наставникот и кои се неговите карактеристики и тоа дека учителот е воспитувач на најмладите, водич по патеката на животот, човек што ги отвора нивните тесни хоризонти – рече наставничката Николоска. 

Loading