НАДЕЖЕН ТЕНИСЕР Е КУСЕСКИ

Гимназија “Мирче Ацев”

Perspektiven reket - Mihail KuseskiНе запираат триумфите на гимназијалецот Михаил Кусески, ланскиот првак во тенис до 14 години во земјава, кој е член на клубот Винер Про седум години. Годинава, првпат настапи на мастерсот за тенисери до 16 години и засјаи златниот медал на неговите гради.

Во годинешнава сезона ииграше и на два мастерси до 14 години и постигна одличен успех. Првокласни резултати за воодушевување имаше на меѓународна сцена. На Балеарскиот турнир во Шпанија се качи на тронот меѓу 32 тенисери. Прв беше и на мастерсот меѓу осумте најдобри тенисери во земјава.

– Во Шпанија се играа и квалификации. Лесно стигнав до полуфиналето, а мали потешкотии имав во финалето. Сепак се изборив за челно место. Голем предизвик ми беше мастерсот до 16 години. Беше одличен турнир и на свое задоволство се пласирав прв – вели Кусески.  

Loading