СКОКАЛИЊА СРЕДЕ УЧИЛИШЕН ДВОР

Decata gi otkrivaat igrite na tatkovciteЗа новите генерации, нова игра, а за повозрасните полна душа! И не дека тие ја измислија, туку уживаа додека ја играат. Купчето ученици на големиот одмор во ОУ „Кочо Рацин“, на парче земја, како островче меѓу тврдиот асфалт, воодушевено, насмеано со гласна подршка на соучениците кои се охрабрија и рацете ги извалкаа со земја да си дозволат, како што велат, „фер борба“ со скокалињата. Понекогаш, едвај чекаат да го завршат часот и да доиграат. „Новите скокалџии“ се занимаваат со играта на своите родители, на своите дедовци. Измислуваат нови правила и начини за играње скокалиња. Засега е одличен начин да се прави нешто интересно на одморот, а тоа да не биде чепкање по мобилниот. Можеби за скоро ќе чуеме за првиот турнир во играње на скокалиња! 

Loading