КОМПЛИМЕНТИ ВО ПОДГОРИЦА

Бокс

Прв настап во странство за Андреа Јанеска од БК Ас. Мошне добро се претстави во Подгорица на боксерската вечер против Тамара Радуновиќ, пет години повозрасната Црногорка. Комплименти имаше од стручњаците со оценка дека борбата на технички план ги остави во сенка машките натпреварувачи. Сепак, судиите подлегнаа на домашниот боксер и наместо праведно реми, доделија минимална победа на поени за домашната боксерка.

Поканите се множат и следната дестинација за Јанеска наскоро е Косово.

Loading