СТЕАУА ВО ПРИЛЕП

Историја

Поранешниот европски шампион, романската Стеауа од Букурешт, на 14 февруари 1968, на пријателски меч гостуваше во Прилеп, против југословенскиот второлигаш Победа. Пред 8000 гледачи гостите наидоа на силен отпор и победија само со 0-1, со гол во второто полувреме. Домашните пропуштија неколку шанси, но се истакна репрезентативниот голман, високиот Хаиду.  За Победа играа: Тренески, Точко, Рамаданов, Николиќ, Бошалевски (Јанкулоски), М. Крстески, Т. Георгиев (Клашев), Б. Ангелески (А. Конески), Ниниќ, Ж. Ѓорѓиоски, Т. Јакимоски (Бадрлица).

По четири дена беше истиот резултат со полската Легија.

Loading