БОРБИ В КАФЕЗ

Кикс – бокс

Kafez za ringВо Охрид се одржа турнир во дисциплините лајт контакт, лоу – кик и мешани боречки вештини. Натпреварот потврди дека овој спорт е атрактивен за публиката. Интересни беа борбите во кафез, специјално наменет за вакви мечеви.

Настапија 70 борци од 14 македонски клубови, меѓу нив и прилепскиот Максам фајт. Тренерот Пеце Ангелески се претстави со Енвер Османоски, Виктор Николовски и Наумче Трајкоски поразени во лајт контакт, а Христијан Граороски и Александар Лазароски победија во лоу – кик.

За сите беше дебитантски настап, прво искуство, но и покрај тремата се бореа одлично. 

Loading