ФАТЕНИ 83 АРАМИИ НА СТРУЈА И ЕДЕН ИНКАСАТОР

Стагнираат кражбите и манипулациите со струја. Од почетокот на годинава се поднесени 83 кривични пријави за кражби и манипулација со броилото.          

–  Суспендиран е еден наплатувач на ЕВН во Прилеп и се утврдува одговорност за манипулации со наплатата. Граѓаните кои сметаат дека сметките им се платени, а ЕВН им побарува, треба да ги соочат податоците. ЕВН ги презема обврските, ако се утврди дека се жртви на некој од вработените – изјави Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН.

Веќе деветмина граѓани во земјава се зад решетки за кражба со струја, а останатите над 140 се осудени условно. Покрај казната, граѓаните кои нелегално користеле струја, ги надоместуваат сметките и судските трошоци

Loading