УБАВА ПРОМОЦИЈА

Бокс

Ретки се боксерските настани во градов, затоа од голема полза беше редовното коло од Државната лига. Благородната вештина доживеа убава промоција. Домаќинот БК Ас се претстави во одлично издание со беспрекорна организација. На трибините беа љубители на боксот од сите генерации, а највозрасните потсетија на времињата кога гостуваа легендите како Русевски, Реџеповски, Качар… Привлечноста на аматерскиот бокс е во чистата, спортска борба. Мечевите во салата на СОУ “Р. Р. Ричко” беа пред претставниците од Боксерската федерација и претседателот Војо Настевски.

Домашните боксери добро се претставија, дури и поразениот на поени, Серхан Џафероски.

Loading