КИКС ВО ДОЈРАН

Фудбал

Неочекувано Победа е поразена, првпат во третолигашка конкуренција. На теренот во Дојран беше 2-1 за домашното Дојранско Езеро. Ништо не значеше водството преку Карчески и предноста од 20 минути со играч повеќе по црвен картон за домашен фудбалер. Во гостинскиот состав отсуствуваа Тошески, Андреевски, Стомнароски, Велјаноски и Милошески. Има време за поправка, в недела е мечот дома со Ц. Ѕвезда, а ќе се чека кикс на водечкиот Превалец кај Вардар во Неготино. Останати: Бабуна – Варош, Млекар – Д. Езеро, Г. Коњари – 11 Октомври и Борец – Партизан.

Табела: Превалец 24, Победа и Вардар по 21, Партизан 13.

Loading