ОЧЕКУВАНИ НОВИ ЗЛАТА

Карате

Zlatni race - Todor RisteskiПрвпат државава беше домаќин на сениорска карате Балканијада во Охрид, каде покрај успешната организација покажани се одлични резултати со освоени девет медали. Меѓу носителите на злато се прилепчаните. Во борби пред сите е Тодор Ристески (Спорт 94) на задоволство од тренерот Пеце Белистојаноски. Ристески во категоријата до 67 килограми беше подобар во полуфиналето од Словенец, во финалето од Босанец. Исто задоволство и кај тренерите Елизабета и Златко Димоски за златото на ката тимот Поликсенија Јованоска со Мишела и Маријана Димоски (Ронин). Во полуфиналето беа подобри од Хрватска, во финалниот меч од Турција. Меѓу девет земји најуспешна со пет злата е Македонија, четири има Србија, три Турција.

Резултатите и формата во вистинско време се пред најзначајниот настан – Светското првенство во Бремен, Германија.

Loading