ГОРДИ СМЕ НА НАВИВАЧИТЕ

Навивачите се и ќе бидат дел од ФК Победа и неговата историја. Не сакаме да се конфронтираме и сме горди на нив. Целта е заедничка – враќање на Победа каде што и е местото, во Првата лига и во европските купови. Но, порачуваме дека не треба да има никакви уцени, ни од клубот кон навивачите, ниту пак од навивачите кон клубот.

Нужно е нешто да појасниме. Казната од 600 евра и четири натпревари од ФФМ и 3.600 евра од МВР ја добивме заради однесувањето на навивачите. Колку казните да не беа праведни, клубот ги плати. Никој не се изјаснил дека навивачите не му се потребни или се штетни за клубот. Барањата за плаќање на организиран превоз или набавка на реквизити во овој момент не сме во можност да ги овозможиме. Минатата сезона раководството излезе во пресрет на навивачите и овозможи патувања, но по отпаѓањето во трета лига, со одлука на спонзорите буџетот е намален само за потребите на првата екипа и младинската школа. Со ФК Победа ј. раководи Управен одбор. Спонзорскиот тим е од најпознатите приватни компании Прилепска пиварница, Жито Прилеп, Комфи Ангел, Кабелнет, заедно со средствата од буџетот на Општината, значи средства од граѓаните од Прилеп, учествуваат во финансирањето на клубот. Победа ј. има стратегија за унапредување на младинските школи со над 100 деца. Единствен клуб е во Третата лига со пријавени максимални четири екипи во младинските категории, а моментно се најуспешни во бодувањето.

Управата ја споделува приврзаноста на навивачите кон клубот и во интерес на враќањето на гордоста на Прилеп. Ќе се обидеме да најдеме заедничко решение, во интерес на Победа.

Фудбалски клуб Победа Ј.

Loading