БУДЕЊЕ

Пинг-понг

Прилепскиот пинг-понг знае само за успеси и по двата стартни суперлигашки порази очекувано во третото коло е будењето на Младост. Дома со убедливи 5-1 совладан е скопски Ѓорче Петров. На табелата избегнато е дното и погледите се свртени кон наредниот меч со непоразениот лидер Работнички во Скопје. Во Првата лига прв меч и пораз дома на младиот состав од Младост 96. Поразен е со 2-5 од скопски Студент. Поени заработија А. Рикалоски и Х. Иваноски. Следат два врзани меча во Куманово и кај Вардар во Скопје.

Младост се бори над четвртото место и плеј – оф во Супер лигата, а Младост 96 да го избегне последното место кое води во квалификации.

Loading