Џудо
Како минатите три години, на 28 октомври се одбележува денот на џудото. Темата е “Чест”. Се смета дека денес во светски рамки над 20 милони луѓе го практикуваат овој спорт. Целта е да се промени на подобро животот на човештвото преку моќта на џудото. Источната вештина е образовна алатка која им помага на луѓето да живеат заедно и да се почитуваат.
Се очекуваат свечени активности на Џудо федерацијата и клубовите Сеишин, Пролетер и Прилеп.