НЕ СМЕ ХУЛИГАНИ

Јавноста ја запознаваме со игнорирачкиот однос на ФК Победа ј. кон нас како навивачка група. Започнува со завршувањето на бараж натпреварите за Втора лига, после паричната казна од ФФМ и забраната за играње на свој терен без публика на четири меча, наводно за нашето непримерно однесување во Штип на дуелот со Влазерими. Ние цело време навивавме спортски и коректно, но во еден момент бевме испровоцирани од гостинската клупа кои фрлија шише кон нас. За чудо, наместо тие да бидат опоменати и казнети, полицијата се нафрли врз нас и почна да нé тепа. Тие се прописите и ФФМ, виновникот го виде во нас и ја казни Победа ј. Срамно! Казната не е веродостојна на случувањата.

Следуваше игнорирањето на Управата  на Победа ј. Не сме штетни и не сме “хулигани и вандали”. Нé одбиваа за финансиски средства за маици и реквизити. А клубовите низ Европа како Легија, ЦСКА Москва, Партизан кога плаќаат огромни казни не се откажуваат од навивачите, кои се светост. 

Не се откажуваме од Победа и ќе í помогнеме да се врати во врвот на македонскиот фудбал.

Навивачка група Мајмуни

Loading