ЗДРАВО ЗА МЕЃУЕТНИЧКАТА ИНТЕГРАЦИЈА

Sorabotka na meguetnicki planОУ “Гоце Делчев” е вклучено во третата фаза на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието – ПМИО, за заеднички активности со мешани групи ученици од различни наставни јазици. Формиран е партнерски однос со ОУ “Панајот Гиновски” од Скопје, во кое има ученици од мешани етнички групи. Двете училишта ја остварија првата комуникација кога тимот за меѓуетничка интеграција од ОУ “Гоце Делчев” го посети партнер училиштето во Скопје. Биле договорени активности кои ќе ги изведуваат во 2014-15 година.

Проектот е насочен да ги оспособи учениците за комуникација и интеракција со ученици од други етнички групи во соработка со раководниот кадар, наставниците, родителите и локалната заедница. 

– Контактите нема да запрат. До крајот на октомври партнер училиштето ќе ни возврати со посета кога и официјално ќе го потпишеме договорот за партнерство во рамките на проектот за меѓуетничка интеграција. Соработката вклучува најширока палета на активности од одделенска настава, од општествени науки, од разни вештини, кои ќе ги реализираме преку разни работилници – вели Трајче Каралиоски, директорот на ОУ “Гоце Делчев”.

Проектот го реализира Македонскиот центар за граѓанско образование во соработка со Центарот за човекови права и разрешување конфликти, за што претходно наставничкиот и раководниот кадар од секое училиште посети обука за меѓуетничка интеграција.

Loading