БЛИСКУ ДО БРОНЗАТА

Гимназијалецот Стефан Николоски успешен на светската математичка олимпијада

Matematicarot od olimpijadat vo Kejptaun - Stefan NikoloskiДодека сите маки мачат со математиката, Стефан Николоски се опушта со неа, “забавувајќи” се со натпревари по математика, и тоа уште од мали нозе. Тој годинава е матурант во гимназијата. Редовно се натпреварува по математика и информатика. Во април годинава на Македонска математичка олимпијада се избори за место во Македонската математичка репрезентација. Тука не запре, на Балканската математичка олимпијада која се одржа во мај во Плевен, Бугарија, се закити со бронзен медал и тоа во конкуренција на 118 натпреварувачи. Успехот му обезбеди билет за Светската олимпијада во Кејптаун, Јужна Африка. На Олимпијада, и тоа светска, и тоа по математика, ама ич не е мала работа.

– Светската Олимпијада ми е најголемо достигнување. Задоволен сум што стигнав до таму, макар што можеше и подобро. Бев блиску до бронзен медал, за 2 поени. Имавме два дена за климатизација во Кејптаун, потоа 2 дена натпревари. Секој ден по 3 задачи и 4 сати за решавање. Задачите беа од теорија на броеви, геометрија, комбинаторика, равенства на високо ниво. Потоа следеа слободни активности, екскурзии низ градот. Интересно беше, се дружев со деца од сите краишта од светот, се забавувавме со натпреварувачки дух. Наредната година би одел пак – вели Стефан.

На пролет почнуваат сите натпревари, а искуството игра голема улога. Сефан ветува дека ќе се спрема поинтезивно. Вели дека покрај талентот, потребна е и работа, интензивна подготовка со вежбање. Се натпреварува и по информатика, и тоа на регионален и републички натпревар и на Македонската олимпијада по информатика. Кога би требало да избира меѓу натпревари по математика и информатика,  не знае што би одбрал. Токму поради тоа тешка му паѓа и одлуката за избор на факултет, бидејќи годинава е матурант. 

Loading