ПРАЗНИЧНА АТРАКЦИЈА

Se tokmi spektaklЗа празникот 11 Октомври, над две илјади ученици од основните и средните училишта во црвени и жолти маички ќе го формираат македонското знаме на плоштадот “Методија Андонов – Ченто”, в сабота во 11 часот. Учениците ќе го славата празникот и со изведба на музичко – балетски перформанс. Секојдневните проби ветуваат професионален настап, а доказ за тоа беше и пробата во ОУ “Кочо Рацин”, на која ги усогласуваа групните движења.

– Под менторство на професорите Тони Стевананџија и Мери Најдоска се организиравме првпат да настапиме и со музичко -балетска точка. Под мотото “Прилеп, те сакаме”, ќе бидеме наредени во срце, а другите детали ќе бидат изненадување. Се дружиме сите ученици – вели Ивана Сурлаџиоска, ученичка во СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”. 

– На градот за празникот ќе му подариме знаме. Играат, пеат, ученици од 7, 8 и 9 одделение. Возбудливо е, многу деца, многу дружење – вели Марија Мицаноска, од ОУ “Страшо Пинџур”.

Најбројниот хепенинг ќе биде вистинска празнична атракција.

Loading