“Мајсторот” е најновата збирка раскази на писателот Димитар Башевски што ќе биде претставена вечерва од 18 часот во Библиотеката. Авторот пишува за љубовта и страста, за потребата на луѓето да сонуваат и на тој начин да ги надминат ограничувањата на сопствената егзистенција за обидите да им се даде ново значење на еднаш изгубените нешта. За книгата ќе зборува Ермис Лафазановски, Башески е автор на десетина романи и пет книги поезија.