ДОГЛЕДАЊЕ, НЕ ЗБОГУМ

Историја

Наместо за неуспех да се бараат виновници надвор, позитивен пример е 1980 година. Во последното коло од Втората југословенска лига Победа попусто со 5-1 ја совлада Трепча, бидејќи во Мајданпек домашниот тим играше сомнителни 1-1 со Титоград, кој се спаси со подобра гол-разлика. Ни збор поплаки во прилепскиот табор.

– Ова не значи збогум за Втората лига, туку догледање. Низ анализа ќе видиме каде грешевме. Победа била и останува голема. Бргу ќе се врати таму каде и што ни е местото – порача претседателот Благоја Миноски.

Следната сезона Победа беше републички првак и пак стана второлигаш.

Loading