ЗЛАТНИ ПИОНЕРКИ ОД ПРОЛЕТЕР

Џудо

Успешно помина традиционалниот турнир “Прилеп град херој” на ЏК Сеишин. Од година во година е помасовен. Овојпат настапија 190 пионери и јуниори на 17 клуба од Македонија, Бугарија, Косово и Грција. Во присуство на претседателот на ЏФМ Ванчо Настов се одвиваа интересни борби, а најуспешни се четири клуба. Кај пионерите блескаше Локомотив Софија, кај пионерките Пролетер Прилеп. Најдобри јуниори има Илинден Софија, а јуниорки Миоки Скопје.

Сеишин се покажа со девет медали.

Loading