ГРАДСКО ДЕРБИ И КУП

Фудбал

Интересна фудбалска недела, а во фокусот е дуелот в среда, за купот, каде Победа гостува кај второлигашот Дрита во Боговиње. По првите 1-1 шансите со ривалот се речиси подеднакви и еден гол може да реши сé. Претходно за составот на Златко Петрески има обврска во рамките на Третата лига – Југ. В сабота (15 ч.) е деветтото градско дерби Победа – 11 Октомври. Екипите влегуваат со различни амбиции. По поразот дома 0-4 од Вардар, дострел за тимот на 11 Октомври е средина на табелата, а после шестиот триумф, на гости 1-2 кај Партизан Обршани, Победа го потврдува лидерското место. Останати: Превалец – Варош, Млекар – Партизан, Г. Коњари – Борец.

Табела: Победа и Превалец 18, Вардар 15.

Loading