ЗАШТИТА НА ЖИВОПИСОТ ВО СВ. НИКОЛА

Во Мариово

Stit za zivopisotЕкипа од Завод и Музеј предводена од раководителот Благоја Атанасоски десетина дена, во првата фаза, го конзервира  фрескоживописот во црквата Св. Никола во селото Манастир, во Мариово. Практично се отвора процес на заштита на вредниот живопис  во споменикот на културата од 13 век.

– Се санираат механичките оштетувања на живописот, се китира, а во наредните години ќе одат двете други фази – чистење на соли, од исчаденост и нечистотии и ретуш на живописот – вели Благоја Атанасоски, советник конзерватор.

Министерството за култура оддели 200 илјади денари за зафатот.

Наскоро конструктивно ќе се зајакнат темелите на црквата на западната страна, за што Министерството оддели два милиони денари.

Loading