,,ДЕЦА НА СОНЦЕТО,, В КИНО

Новиот филм “Деца на сонцето” од режисерот Антонио Митрикески, во четврток, во 20.30 часот премиерно ќе биде прикажан во киното Мистон, во присуство на дел од екипата. Филмот ќе се прикажува една недела, а влезниците ќе чинат 100 денари. Ова е трет филм на Митрикески, кој има прилепско потекло.

Станува збор за социјална приказна за македонско семејство. Играат  Ивана Павлаковиќ, Владо Јовановски, Кире Ѓоревски, Билјана Таневска, Милица Стојанова…

Филмот ја имаше светската премиера на фестивалот “Браќа Манаки”, а пред два дена и во Скопје.

Наскоро на големото платно ќе може да се проследи фестивалот на новиот германски филм, како и другиот македонски игран филм, “До Балчак”.

Loading