ЧАТЛЕСКИ ВО МОСКВА

Delata na Catleski pred Moskovskata publika“Во ритамот на самбата” е изложбата од 17 дела од уметникот Тони Чатлески, директор на ЦК “Марко Цепенков”, која ќе биде отворена во московскиот дом на националностите. Изложбата е дел од московскиот фестивал на национални култури “Рос Балкан фест”, на кој ќе бидат претставени повеќе писатели, а ќе има групни изложби на уметници од Балканот и театарската претстава “Антигона”.

За прво самостојно претставување во Русија, Чатлески е почестен што е препознаен неговиот раскошен уметнички дар.

– Реткост е македонски уметник да има самостојна изложба во Москва. Практично се претставува дел до уметничкото достигнување на Прилеп и Македонија во Русија – вели Чатлески, кој е член на Професионалниот сојуз на уметници на Русија.

Loading