,,СОН НА ЛЕТНАТА НОЌ,, ПРЕМИЕРНО НА МАТИЧНАТА СЦЕНА

Izvonredna pankerska romanticna komedijaАнсамблот на театарот, по успешните две претстави на “Битола – Шекспир фестивалот”, во јули и на МОТ во септември, конечно синоќа на матичната сцена премиерно ја одигра претставата “Сон на летната ноќ” од Шекспир, во режија на Нела Витошевиќ.

Публиката уживаше на модерното видување на Шекспир во режисерското раскажување на Витошевиќ. Таа успешно го истражува дуализмот на човековата природа или метаморфозата на човечката состојба. Режисерот, воден од германскиот театар, подвлекува два контраста – разумот што е одлика на кралството и чувствата што се одлика на шумата, а преку нив  излегува на површина моралот кој е лажен, вистинските страсти и значењето на либерализам и слободата на говор и мислење.

Одлични во задачата беа актерите Игор Ангелов, Даниела Иваноска, Игор Трпче, Марија С.Илијеска, Катерина Чакмакоска, Зоран Иваноска, Димитар Ѓорѓиевски, Илија Волчески, Јасмина М. Станкоска, Александар Тодески, Ирена Мирческа и Михајло Михајлоски.  .

Има најава дека оваа претстава ќе гостува на фестивал во Полска, а  во  ноември “Буре барут” од Дејан Дуковски, во режија на Наташа Поплавска, ќе ја види публиката на фестивалот на камерен театар во Никшиќ.                                          

Loading