СЛАТКА ТОПКА ЗА РЕКРЕАТИВНИОТ ДЕН

СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”

Sladok-epilog-za-fudbalskiot-timЕднодевната екскурзија предвидена во секое училиште, учениците од СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” ја поминаа во спортско – натпреварувачки дух. На иницијатива од професорите по спорт, најдобрите да се заблажат со торта, меѓу учениците се одиграа неколку спортски натпревари. Времето им беше сојузник, затоа сите беа среќни. Наместо на спортските терени на паркот на Могила, поради дождот, натпреварувачите се згрижија во салата Македонија. Со овации, меѓу редовите на екипите одигрувале и дел од професорите. Со шутови, додавања, дриблања “мешаните” екипи биеле мегдан за победата и награда – торта во форма на топка. Со професорите рамо до рамо, учениците од четврта и втора година се облажија со наградата. Веднаш зад нив, на второто место била екипата на учениците од 2-2, додека третото место го освоиле учениците од 3-6.

На привлечен начин, учениците го одбележаа спортско-рекреативниот ден, покажувајќи ја уште еднаш инвентивноста, па и на еднодневна екскурзија.  

Loading