ПРВА ПОМОШ ВО НЕСРЕЌИ И НЕПОГОДИ

Гимназија “Мирче Ацев”

Top ekipata za prva pomos na gimnazijataДека гимназијалците се одлични практичари на хуманоста, секоја година докажуваат со “растур” на регионалните натпревари по прва помош. Како победници заминаа на 23. државен натпревар во Куманово. Шестчлениот тим, уште со 24 екипи од сите градови, во Пелинце, ем се забавуваше, ем се натпреваруваше, демонстрирајќи  знаења во давање на прва помош. Искра Шојлеска, Михаела Кебакоска, Моника Андоноска и Маја Стеваноска се “ветерани”. Тие се засилија со “младите” Петар Тодороски и Марија Блашкоска, создавајќи победнички тим со кој се гордее целото училиште.

Нашите гимназијалци доминирале во “Секојдневните несреќи и непогоди – земјотрес, поплава и пожар и десиминација”. На повеќето повредени на четирите пунктови им се понудила прва помош. Секоја категорија била проследена со забавни пунктови за пауза со игра.

– Вторпат ја претставуваме гимназијата, градот, Црвен Крст. Под раководство на професорот Гоце Ѓорѓиоски, се обезбеди материјалот и  просторот. Ни помогна и Црвениот крст да се “тркаме”. Натпреварот има научен карактер, оти секој треба да биде обучен за прва помош за секојдневието. Добро е да се знае да се помага во таква ситуација – вели Искра Шојлеска, капитенот на тимот.

– Дававме прва помош на повредени и во десиминација. Во силна конкуренција, добро се носеме. Лани, екипата на Гимназијата учествуваше на европскиот натпревар – вели менторот Гоце Ѓорѓиоски.

Loading