“ГРАБЕЖ” НА СИТЕ ПРВИ МЕСТА ПО ХЕМИЈА

Sozdava samo prvaci  - profesorot Blaze DimeskiБлаже Димески е професор по хемија во гимназијата “Мирче Ацев”. Димески ги потковал учениците да жнеат само награди и признанија. И тоа не што годе, туку само први места. Од три пријавени натпреварувачки на државниот натпревар по Народна техника, сите три се вратиле со највисок пласман во различни категории. Теодора Тасевска, во еколошка хемија, Јана Пашоска, во аналитичка хемија, и Теодора Петкоска, во неорганска хемија. Знаењето на Стефан Неделкоски го настаменило на тронот, триумфирајќи по хемија со задачи од факултетско ниво. 

Loading