ПАМЕТНАТА ТАБЛА ГО БРИШЕ СТРАВОТ

ОУ “Климент Охридски”

Turkanica za na pametnata tablaИзминува и период кога учењето стана досадно, а децата често наместо по книга, посегнуваа по компјутери. Со интерактивната смарт табла учењето стана забавно. На учениците им побегна стравот, “леле, ме скорнаа на табла”. Сега се “тепаат” кој прв да излезе пред големата електронска табла. Таа е толку паметна, што ги препознава вештите потези на детските раце, цртајќи ги “наредбите” на екранот. Ем паметна, ем осетлива. Со секое допирање со прстите, учениците пишуваат. Можат и со посебни маркери да поврзуваат поими, да штиклираат одговори, да придвижуваат предмети и ликови… Секогаш забавна, успева да им го задржи вниманието и активно да ги вклучи учениците во часот. На интересен начин, наставниците ја предаваат и “најдосадната” лекција, будејќи интерес за напредок во трката по знаење. Се создава клима на наплив од идеи и брзи повратни одговори.

И екипата на “Зенит” се забавуваше на часот по информатика, следејќи ги воодушевувањата од интерактивната смарт табла кај шесттоодделенците од ОУ “Климент Охридски”. Ученците се сложни дека интерактивната табла е поинтересна од зелената табла и белата креда и побараа секој час да им биде како ист.

– Кога работиме преку неа ми претставува големо задоволство и полесно се разбираат лекциите – вели Елена Гулеска.

– Часот врви забавно. Поврзував поими и беше лесно и доста интересно –  вели Давор Савески.

– Активни сме на часот на еден поинаков. Научно и забавно. Поврзувавме поими кои означуваа делови од куќиштето. Многу е интересно – вели Симона Велеска.

– Сакам вака да учиме на сите часови. Смарт таблата е како голем компјутер на тач. Работи со прсти и маркери… Вака учиме повеќе – вели Андреа Беличанец.

– Учиме, пишуваме, читаме. Лесно како пердув е учењето – вели Благица Јошеска.

– Преку неа, учителката многу добро ги објаснува лекциите – кажува Ана Гиновска.

Em ucenje, em zabavaНаставичката по информатика, Гордана Јованоска, вели дека  било прашање на време кога ќе се вклучи смарт таблата во училиштата кога децата од сите страни се изложени на интернет, видео-игри, телевизија, телефони…

– Таблата е уште еден екран, кој ги мотивира децата да учат повеќе. Љубопитноста ги концетрира учениците во феноменалниот систем. Се натпреваруваат кој да одговори. Смарт таблата ја користат по сите предмети. Практична е за одделенската настава. Расте интерактивноста. Играме квизови како милионер, со програми кои автоматски регистраат што е точно, а што не. Сработеното може и да се   зачува  – вели Јованоска.

Со софтверот од Министерството за обрзование, училиштето  се повеќе личи на виртуелна средина, која ги прави часовите атрактивни и динамични.

Во ноември, директорот на училиштето, Дарко Јовески во рамките на проектот “Вистинско дигитално училиште”, и годинава ќе биде дел од меѓународниот симпозиум  каде ќе се претстават примери на совладани материјали. Е-училиштето е иднина

Loading