ПРИЛЕП Е ПОВОЛНА БИЗНИС ДЕСТИНАЦИЈА

Gradot e atraktivna biznis metaОпштините Прилеп, Богданци, Гази Баба и Скопје се новите четири единици на локална власт во земјава, кои потпишаа договори, со што официјално ќе започнат со процесот на сертифицирање за стекнување на регионален печат на локални власти со поволно деловно опкружување (BFC SEE). Сертификатот, во период на привлекување на инвестиции и развивање на локалната економија, претставува приоритет и предизвик. Документот ќе е верификација за исполнување на одредени стандарди, обезбедување на имиџ на сериозна бизнис дестинација и дава сигурност на потенцијалните инвеститори во добивањето на квалитетни услуги, информации и поддршка при развивањето на нивниот бизнис. 

Голема придобивка е можноста за конкурентност надвор од границите, да се биде признат и видлив. Прилеп е меѓу четирите општини, кои потпишаа договор со претставниците на Националното сертификационо тело.

Програмата за сертификација за поволно деловно опкружување во Југоисточна Европа е единствена регионална програма за унапредување на конкурентноста на локалните самоуправи која се спроведува во Хрватска, Македонија, Босна и Херцеговина и Србија. 

Loading