ДОСТОИНСТВЕНО ИСПРАЌАЊЕ НА ПОКОЈНИЦИТЕ

И прилепчани ќе добијат капела

– Околу 3700 денари би чинела подготовката на покојникот, сместување во комора, изложување еден час на посмртните останки и извршување на опелото и користење на просторија за домашните

Olesnuvanje vo nejbolnite momenti so kapelataНаместо дома, прилепчани почит на покојниците ќе им оддаваат во соодветен објект. Капелата на Новите градски гробишта, изградена по пропишаните стандарди, ќе биде осветена на 10 октомври. Во капелата ќе можат да се одвиваат 4 погребни церемонии истовремено. Градена и уредена е да ги задоволи комплетните потреби за последното достоинствено простување од  починатите. Услугите кои ќе се даваат во објектот, ќе им ги олеснат околностите и обврските во најболните моменти за семејството, роднините и блиските на покојникот. За град со над  80 илјади жители, ваков објект, каков што во другите градови постои со децении, беше повеќе од неопходен. Објектот е потреба на секој град, уреден со неопходниот внатрешен ентериер за обавување на погребните обреди. Капелскиот дел е фрескоживописан за извршување на опелото на покојникот. Градските власти најавуваат изградба на капела и на старите гробишта.

– Капелата ќе биде осветена на 10-ти октомври, а истиот ден ќе започне и изградбата на црквата, посветена на Свети Тројца, која има поставено темели до Капелата одамна. И овој ветен верски објект ќе се гради со средства од локаланата самоуправа и ЈКП Комуналец. Истиот ден ќе се постави и камен темелник за изградба на капела во старите гробишта со средствата, собрани од Здружението за заштита на Старите градски гробишта – вели градоначалникот Марјан Ристески.

Prostor za cetri obredi ednovremenoВкупната инвестиција во објектот е околу 25 милиони денари, од кои локалната самоуправа инвестира 12 милиони денари, а Комуналец од сопствени средства околу 13 милиони денари. Според законските прописи, доколку во местото на настанување на смртта има капела, покојникот задолжително треба да се сместува во објектот.

– Оваа капела е една од најголемите и најпространите во државава. Според законските прописи, услугата е пресметана по единица – час. Имаме разбирање за чувствата на граѓаните и ќе оставиме простор граѓаните сами да одлучат дали ќе ги користат капелските услуги. Цените се симболични и пакет услуга би чинела од единица час околу 3700 денари Тука спаѓа подготовката на покојникот, изложување и извршување на опелото, сместување во комора и користење на засебна просторија за семејството на починатиот или по народски за покој и душа на починатиот – објаснува Златко Ристески, директорот на ЈКП Комуналец.

Во посебниот дел од објект ќе биде сместен и административно услужниот персонал.

Ikonografija na kapelataИзградбата се пролонгира поради ставање на приоритетната листа за градба на царинскиот терминал за потребите на бизнис-секторот. Објектот е завршен и се работи на финиширање на занаетчиските работи

МОРТАЛНА КОМОРА СО 9  КАСЕТИ 

Новиот капитален објект кој е од големо значење заради функционалната и верска димензија, изграден е на парцела од 4 500 м2, а има корисен дел од 1000 м2 и 500 м2 урбанизирано плато. Инсталирана е мортална касетна комора со 9 одделни комори и еден замрзнувач во вредност од 1,26 милиони ден. За семејствата се издвоени посебни простории да им се олесни на граѓаните сите обреди да се извршуваат во капелата.

Loading