На плоштадот „Александрија“ се спроведе акцијата ,,Македонија без ЕЕ – отпад,, што вторпат ја организира партијата ДОМ, а беше поддржана и од локалната самоуправа. Се собра дел од некористениот и застарен електричен и електронски отпад. Плус корисна страна на акцијата е едукативната, насочена кон подигнување на свеста кај граѓаните за селекција на овој мошне опасен тип на отпад, ако правилно не се депонира и третира.
Од први јануари в година, ваквиот отпад ќе биде нужно да се депонира во посебни пунктови, а за отстранувањето ќе се плаќа.