СИМОНИДА Ф. КИТАНОВСКА СОЗДАДЕ “ПТИЧЈА ГРАДИНА”

Изложба во галерија

“Птичја градина” е тематската изложба на околу 30 акварели од уметницата Симонида Филипова Китановска што вечерва од 20 часот ќе биде отворена во галеријата на Центарот за култура.  Авторката се претставува со дела во кои колористички ги компонира своите мисли и чувства, додека изразот е концизен и суптилен, а темата разновидна и интересна.

– Акварелите не раскажуваат, туку се полни со внатрешна сила. Нејзината уметност ги покажува силните чувства на суптилност, слободата на допирот со четка и вибрацијата на движењето, впива цврста хроматска рамнотежа во која студот и топлината се усогласуваат – вели Татјана Бундалевска.

Симонида Ф. Китановска завршила ФЛУ во Скопје во класата на  професорите Димитар Кондовски и Родољуб Анастасов. Реализирала самостојни изложби во Скопје, Неготино, Берлин, Софија, Љубљана,  Нови Сад, Бостон, Њујорк… Била постписник и на повеќе групни изложби, перформанси, инсталации… 

Loading