Изложба “Балканските војни” во Библиотеката
“Балканските војни” е изложба на 250 досега непознати и необјавени документи, скици, фотографии што е поместена во Библиотеката, а е во организирана од Историскиот архив на Македонија и ДНУ.
– Експонатите се од Воениот архив на Велико Трново. На паноата се изложени 10 знамиња на македонските дружини, носени при борбените дејствија – вели д-р Зоран Тодоровски, директор на Историскиот архив на Македонија.
Со изложбата се одбележува на илјада годишнината од првите пишани податоци од постоењето на Прилеп.