АТЕЛЈЕ И СТУДИО ВО СЦЕНА 105

ЦК “Марко Цепенков” го адаптира поранешниот простор Сцена 105, кој за неколку недели ќе стане ателје за ликовните уметници и студио за драмска уметност.

– Околу 300 м2 ќе се претворат во ликовно ателје за уметниците кои немаат услови за творење дома, а тука ќе сликаат и ќе се дружат. Другиот дел ќе биде за Младинското драмско студио – вели Тони Чатлески, директор на ЦК.

ЦК ќе вложи сопствени средства, да им излезе на уметниците во пресрет. Лани ЦК го отвори киното Мис Стон, а пред една година и галеријата за Друштвото на ликовни уметници, така што на овој начин ЦК се грижи за собирање на сите актери од културните дејности. 

Loading